Македонија Мицкоски на Палмер му се пожалил дека власта избегала од компромис

Мицкоски на Палмер му се пожалил дека власта избегала од компромис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средбата, заедно со партиска делегација, со заменикот-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, порачал дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Македонија „стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рекол дека „е неодговорно и антидемократски е што власта се одлучи на чекор да заобиколи компромис и одби да ги прифати аргументите на опозицијата во однос на формулирањето на референдумското прашање, кое треба да биде производ на општ консензус, а не едностран акт на парламентарното мнозинство“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порачал дека со тоа се  нарушуваат демократските процеси.

Сепак, на средбата и двајцата соговорници се согласиле дека евроатлантската интеграција е единствениот пат за Македонија кон иднината.