Македонија Мицкоски имал конструктивна средба со Заев, но не откри за што разговарале

Мицкоски имал конструктивна средба со Заев, но не откри за што разговарале

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не откри за што разговарал со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, но средбата ја оцени како конструктивна и изрази надеж дека вакви средби ќе има и во иднина.

По средбата, која траеше околу 90 минути, Мицкоски рече дека разговарале на теми поврзани со образованието, економијата и здравството. Прашан дали станало збор и за притворените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кратко одговори дека разговарале за актуелни теми.

Тој рече дека по средбата со Заев има средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ; на која ќе се разговара за следните чекори на партијата, односно дали ќе се врати во Собранието и како ќе дејствува. Одлуката за натамошното дејствување на партијата, како што рече опозицискиот лидер, ќе биде соопштена утре.

– Јас сум оптимист, а некои ме сметаат дури за утопист – рече Мицкоски, додавајќи дека дијалогот помеѓу власта и опозицијата никогаш не бил закочен.