Македонија Мицкоски: Го очекуваме предлогот за името, не сме вклучени во преговорите

Мицкоски: Го очекуваме предлогот за името, не сме вклучени во преговорите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за грчката телевизија „Антена“ вели дека неговата партија го очекува предлогот за името, но оти не сакаат да се мешаат за да не влијаат на самиот процес.

Мицкоски нагласува дека има позитивна атмосфера, но оти не ја знае причината за тоа бидејќи со доаѓањето на новата влада немаат никакви информации за текот на преговорите.

Тој во изјавата не ги коментира можните предлози, како што е, на пример, „Нова Македонија“.