Свет Балкан Митов: Бугарија не извезува оружје во Сирија

Митов: Бугарија не извезува оружје во Сирија

Бугарија не извезува оружје во Сирија откако почна конфликтот во 2011 година и строго ги почитува меѓународните стандарди, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија, Даниел Митов.

Вчера Русија објави дека нивните експерти за деминирање во Алепо пронашле бомби кои се од германско, американско и од бугарско производство.

Министерот Митов истакна дека има меѓуминистерска комисија која е одговорна за извоз на оружје.

– Министерството за надворешни работи има задача да направи проверка на постоењето на такво оружје. Не прифаќам обвинувања од земја која е одговорна за цивилни жртви во Алепо. Русија не е дел од договорот за трговија со оружје на Конвенцијата за забрана на касетни бомби и нагазни мини, а Бугарија строго се придржува до договорот – рече Митов.