Македонија Мисајловски – Дир: Безрезервната поддршка за Украина ќе ја потврдиме на Самитот...

Мисајловски – Дир: Безрезервната поддршка за Украина ќе ја потврдиме на Самитот на НАТО

Покрај политичката поддршка која безрезервно ја имате, ќе вложиме дополнителни напори да помогнеме во вашата борба, рече Мисајловски

Фото: Министерство за одбрана

Нашата безрезервна поддршка за Украина и украинските граѓани уште еднаш ќе ја потврдиме на Самитот на НАТО. Целосна поддршка за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и украинскиот народ, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на Украина, Н.Е. Лариса Дир и одбранбеното аташе, полковникот Серхии Кацуба.

„Покрај политичката поддршка која безрезервно ја имате, ќе вложиме дополнителни напори да помогнеме во вашата борба. Оваа војна мора да запре веднаш и на дипломатски начин да се реши“, истакна министерот Мисајловски.

На средбата министерот Мисајловски потенцира дека ќе се заложи за интензивирање на соработката помеѓу двете министерства за одбрана, зајакнување на комуникацијата, а успешната соработката со амбасадата на Украина ќе продолжи да се одвива по нагорна линија.

Амбасадорката Лариса Дир упати благодарност до министерот Мисајловски, Армијата и граѓаните за сета досегашна помош и поддршка која нашата земја и ја даде на Украина и украинскиот народ.