Дописници Објавена публикација за биолошката вредност на Црн Дрим на пет јазици

Објавена публикација за биолошката вредност на Црн Дрим на пет јазици

Медитеранската канцеларија за информации за животната средина, култура и одржлив развој на Федерацијата на Медитеранот од еколошки невладини организации, која ја сочинуваат повеќе од 128 невладини еко-организации од целиот свет, објави нова публикација, преведена на пет јазици, за природните вредности на сливот на реката Црн Дрим.

Во публикацијата пишува дека басенот на реката Дрим е без сомнеж едно од најважните жариштата на слатководна биолошка разновидност во Европа.

Податоците за биолошката разновидност на басенот на реката Дрим се подготвени со помош на колективен напор на граѓанското општество во регионот. Публикацијата со наслов „Природното богатство и наследство на басенот на реката Дрим: инспирација за нашите колективни акции“, е издадена за подигнување на јавната свест за вредноста на нашето заедничко природно богатство.