Главна секција Температура под нулата во цела Македонија – утре се очекува снег

Температура под нулата во цела Македонија – утре се очекува снег

Температурата во сите делови на Македонија утринава беше под нулата, а најниската температура е измерена во Битола и во Берово, каде живата на термометрите се спуштила до минус 10 Целзиусови степени.

Според мерењата во Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура во Лазарополе, Прилеп, Скопје, Струмица и во Тетово изнесувала минус 8 Целзиусови степени, во Демир Капија, Куманово и во Крива Паланка била минус 7, во Дебар, Дојран Гевгелија, Крушево, Маврово и вп Штип минус 6, во Охрид минус 5, а во Претор минус 2 Целзиусови степена.

Во текот на денот се очекува умерено облачно време, проследено со слаб ветер од јужен правец, Приквечер се очекува зголемување на облачноста.

Од УХМР соопштуваат дека Македонија утре ќе биде зафатена од серија влажни воздушни бранови, кои ќе донесат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и од снег на повисоките места и на планините.
Променливите локални врнежи од снег во западните делови на земјата ќе формираат снежна покривка.