Македонија Министерството за образование во последен момент ја смени локацијата на дебатата

Министерството за образование во последен момент ја смени локацијата на дебатата

Во последен момент, Министерството за образование и наука ја промени локацијата на одржување на најавената дебата, која денеска требаше да се одржи на Педагошкиот факултет во Скопје. Таа се одржа во просториите на Министерството. Тоа ги изреволтира дваесетината студенти од „Студентски пленум“ кои со транспаренти, иако непоканети, се упатија на дебатата. Нив, пак, ниту вчера, ниту денеска никој не ги поканил и информирал за дебата на темата државен испит и за измените во Законот за високо образование.

Тие, како што јави репортерот на новинската агенција „Мета“, се упатија кон Министерството за образование.