Економија Министерството за финансии исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари

Министерството за финансии исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари

Тутун

Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година.

Станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари што имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки.