Македонија Министерство за транспорт: Запрена е продажбата на Офицерскиот дом во Битола

Министерство за транспорт: Запрена е продажбата на Офицерскиот дом во Битола

Министерството за транспорт и врски вчера објави оглас во дневните весници со кој ја запира продажбата на Офицерскиот дом во Битола, соопштија од министерството.

„Министерството за транспорт во согласност со законските прописи почна постапка за поништување на продажбата на објектот поранешен Офицерски дом во Битола. Вчера во печатените дневни весници објавивме исправка на огласот, со кој се запира постапката за продажба на Офицерскиот дом“, пишува во соопштнието на Министерството за транспорт и врски.