Економија Министерство за транспорт и врски: Фирмите се должни да превезуваат само патници...

Министерство за транспорт и врски: Фирмите се должни да превезуваат само патници кои имаат билет

Министерството за транспорт и врски не размислува за измени или дополнување на Законот за патен превоз, за да може да им наложи на транспортните компании во случај на поголем број патници линијата да ја одржуваат со повеќе од еден автобус, пренесува „Порталб.мк“.

„Засега не се размислува за никакви законски измени“, велат од таму.

Иако министерството е информирано од „Порталб.мк“ за случајот кога патник кој пристигнал на време, не бил превезен затоа што бројот на седиштата бил пополнет, и од таму сепак препорачаа дека патниците треба да чекаат.

„Ако патникот пристигне на време, но нема слободни места, тој ќе ја почека следната линија. За тоа дали ќе пушти повеќе автобуси за една линија одлучува самата компанија. Доколку има, компанијата може да пушти и пет автобуси, во случај да има патници. За тоа одлучуваат самите превозници. Сепак, во случај да се пополни бројот на патници во автобусот, превозникот нема да може да превезува повеќе патници. Никому, ништо. Патникот ќе ја чека следната линија“ рекоа од министерството.

Покрај недоволниот број автобуси, во меѓуградскиот превоз ретки се и линиите. Ако релацијата на линијата е до 40 километри, во тој случај линија ќе има на секои 30 минути, ако е од 41 до 80 километри, линија ќе има на секои 50 минути, ако е од 81 до 120 километри, линијата ќе има на секои 60 минути, и ако релацијата е околу 120 километри, линија ќе има на секои 90 минути.

Превозниците што не се вклучени во мрежата на меѓуградскиот превоз бараат измена на Законот за, како што велат, нивно вклучување во оваа мрежа и за зголемување на квалитетот и конкуренцијата помеѓу превозниците.

Дури и по некои сообраќајни несреќи во земјата во која учествуваа автобуси, превозниците и понатаму увезуваат автобуси и минибуси од странство. Во текот на првите шест месеци од годинава се увезени 133 автобуси и минибуси, од кои 120 веќе се користени во други земји. Сепак, информациите за 2019 година покажуваат дека бројот на нови увезени возила е зголемен, така што односот на користени автобуси и минибуси споредено со нови сега е девет спрема еден.