Свет Министерски состанок на НАТО во Турција

Министерски состанок на НАТО во Турција

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, на дводневниот состанок во Анталија, Турција, ќе разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток, за Исламска држава и за кризата во Украина.

Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со трускиот премиер Ахмет Давутоглу. Кери ќе ги информира министрите за разговорите што ги имал со рускиот претседател, Владимир Путин, и со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.