Свет Балкан Министерска конференција посветена на интеграција на Ромите утре во Тирана

Министерска конференција посветена на интеграција на Ромите утре во Тирана

Регионална министерска конференција посветена на проектот „Интеграција на Ромите 2020“ ќе се одржи утре во Тирана, на која ќе учествува и Република Македонија.

Главна цел на Конференцијата е да создаде соодветен форум во рамките на кој земјите од Западен Балкан и донаторите ќе разговараат за потребите и приоритетите поврзани со пополнување на буџетските дупки за спроведување на политиките на интеграцијата на Ромите на Западен Балкан и Турција.

Дискусијата, како што соопшти Регионалниот совет за соработка, особено ќе биде фокусирана на средствата кои се неопходни за подобрување на вработеноста и станбеното згрижување на Ромите.

Инклузијата на Ромите од минатата година е подигнато на ниво на неопходен услов за земјите аспиранти за пристапување кон Европската Унија.

Конференцијата ја организира Регионалниот совет за соработка, оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), а Република Македонија ќе ја претставува министерката за труд и социјални работи Мила Царовска.