Свет Министерот за внатрешни работи на Куба поднесе оставка по 26 години

Министерот за внатрешни работи на Куба поднесе оставка по 26 години

Кубанскиот министер за внатрешни работи, генералот Абелардо Коломе Ибара, поднесе оставка од здравствени прични по 26 години поминати на таа позиција.

Абелардо Коломе, кој има 76 години, е историска фигура на кубанската револуција.

Кубанскиот државен совет во соопштението за јавност наведе дека претседателот на државата, Раул Кастро, ја прифатил оставката на Коломе, кого го нарече национален херој. Коломе се борел рамо до рамо со браќата Фидел и Раул Катро кога во 1959 година го соборија од власт Фулгенсио Батиста.

Нов кубански министер за внатрешни работи ќе биде генерал Карлос Фернандес Гондин, кој досега беше заменик-министер.

„Од своите 76 години, 60 години посветив на револуција и додека сум жив, ќе бидам војник во нејзина служба и војник на Комунистичката партија која ме образуваше. Но, во последно време, чуствувам дека здравјето не ме служи така добро и имам одговорност да ја предадам официјалната оставка од високите политички, државни и воени функции“, се вели во соопштението на Коломе.