Свет Европа Министерот за правда на Романија си поднесе оставка по масовните протести

Министерот за правда на Романија си поднесе оставка по масовните протести

Министерот за правда на Романија, Флорин Jордаке, денеска си поднесе оставка на функцијата по масовните протести што избувнаа во земјата поради уредбата на владата за ублажување на антикорупциските прописи, јавуваат агенциите.

Јордаке изјавил дека уредбата што тој ја подготвил била „легална и уставна“, но не наишла на поддршка од јавноста и не успеала да го смири јавното мислење. Романската влада ја повлече спорната уредба, од која корист ќе имаа голем број политичари во земјата, откако стотици илјади Романци излегоа на протести на улиците во сите поголеми градови, со став дека таквиот закон би ја загрозил борбата против корупцијата.

Романската социјалдемократска влада вчера го „преживеа“ гласањето за нејзина доверба во парламентот каде има убедливо мнозинство.