Македонија Министерот Џафери на средба со евроамбасадорот Жбогар

Министерот Џафери на средба со евроамбасадорот Жбогар

Министерот за правда, Валдeт Џафери, денеска се сретнал со Самуел Жбогар, амбасадор на Европската Унија во Македонија, соопштија од Министерството за правда.

Како што пишува во соопштението, на средбата министерот Џафери и амбасадорот Жбогар разговарале за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за начините за надминување на таа состојба.

На средбата, исто така, се разговарало и за обврските на Македонија што произлегуваат од извештајот на Прибе и од препораките од Венецијанската комисија.