Економија Минималната плата ќе се зголеми од 1 јануари

Минималната плата ќе се зголеми од 1 јануари

Од 1 јанури ќе се зголеми минималната плата, а како што истакна премиерот Никола Груевски, тоа е реализација на уште едно ветување дадено пред граѓаните.

– Од 1 јануари 2016 година ќе има зголемување од 9.590 на 10.080 денари на минималната плата во сите индустриски дејности, освен во текстилната и во кожарската индустрија, каде зголемувањето ќе биде од 8.050 на 9.000, одноносно речиси за 1.000 денари – изјави Груевски во вестите на телевизија „Сител“.