Главна секција Милошоски: Разговорите се сериозни, правиме сè што можеме

Милошоски: Разговорите се сериозни, правиме сè што можеме

Сериозни се разговорите, правиме сè што можеме, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пред почетокот на денешната средба на работните групи од партиите потписнички на Договорот од Пржино, за избор на специјален обвинител, што се одржува во Клуб на пратеници.

На средбата со претставниците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, се и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, амбасадорот на САД, Џејмс Бејли, и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав.

Денеска е последен ден за да се постигне договор за избор на специјален обвинител.