Спорт Милан испратил понуда за Рибеиро

Милан испратил понуда за Рибеиро

Фудбалскиот клуб Милан, наводно, му испратил понуда на фудбалерот кој фигурира како потенцијално засилување на Манчестер јунајтед.

Евертон Рибеиро, еден од најактрактивните фудбалери во бразилската лига, повторно е мета на Европејците.
Минатата сезона Рибеиро беше цел на Манчестер јунајтед, но реализацијата на трансферот не се случи. Сепак, се смета дека Бразилецот многу бргу ќе заврши во најголемата европска лига.

Милан понудил 10 милиони евра, но Крузеиро засега размислува, имајќи предвид дека веќе има понуда и од Ал Ахли од осум милиони евра.

Рибеиро има постигнато 13 гола на 76 натстапи за Крузеиро.