Свет Европа Микл-Лaјтнер предупредува на можен неуспех на ЕУ

Микл-Лaјтнер предупредува на можен неуспех на ЕУ

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јоана Микл-Лaјтнер, денеска предупреди на опасност од неуспех на ЕУ во врска со проблемите со бранот бегалци и додаде дека подигнатиот ѕид на унгарско-српската граница не ја претставува нејзината замисла за Европа.

– Поради тешката состојба на Блискиот Исток и во Африка, бегалци ќе има уште неколку години – истакна Микл-Лајтнер во интервју за виенскиот весник „Пресе“.

Австриската министерка смета дека особено е важно Европа сега да дејствува брзо за да се отстранат причините за бегствата.

– Или Европа ќе биде единствена, или ќе доживее неуспех по прашањето со бегалците. Ако националистите ја преземат превласта, би можело многу побргу отколку што се верува да дојде крај на мирната Европа – предупреди Микл-Лајтнер, додавајќи дека не може само 10 членки на ЕУ да се соочуваат со 92 отсто од барањата за добивање азил.