Македонија Мијалков: Сите наводи на СЈО се целосно измислени

Мијалков: Сите наводи на СЈО се целосно измислени

Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на СДСМ, вели поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, за „Прес24“.

– Toa што го направи СЈО со последниот случај е истото што го говориме подолг период наназад. СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ и има единствена цел – неосновано да дискредитира луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои Заев ги гледа како конкуренција на која не може да ѝ парира. Сите наводи на СЈО се целосно измислени. Под сета морална и материјална одговорност тврдам дека изречените наводи на прес-конференцијата на СЈО се целосно измислени и неточни. Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка – вели Мијалков.