Хроника Мигранти се тепале со ножеви и со мачети

Мигранти се тепале со ножеви и со мачети

Полициски екипи вчера, при патрола, кај местото Железен мост забележале поголема група мигранти, од кои педесетина се тепале, користејќи ножеви и мачети, инфромираат од МВР.

По интервенцијата на полицајците, дел од магрантите побегнале кон граничната линија со Грција, а при претресот на теренот, бил пронајден еден мигрант, од Сирија, со убодна рана од остар предмет на телото.

Сириецот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија и по укажаната помош, со уште четири лица од неговото семејство, бил пренесен во Прифатниот центар за азил во Скопје.