Македонија Мицкоски на Ескобар му укажал дека единствено решение за излез од ситуацијата...

Мицкоски на Ескобар му укажал дека единствено решение за излез од ситуацијата се предвремени парламентарни избори

На средбата, како што соопштија од партијата, беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција, 06.07.2022 г. | Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски денеска остварија средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД, Ангела Агелер.

На средбата, како што соопштија од партијата, бил потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

Теоријата на Мицкоски за заговор против ВМРО-ДПМНЕ: Од играчка, може да биде плачка

Исто така, од двете страни била потенцирана потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави.

„Мицкоски потенцираше дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ додаваќи дека ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности бил уште еднаш беше афирмиран

Воедно, Мицкоски на заменик-помошникот државен секретар на САД му укажал дека „единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет“.

Ескобар, кој е во дводневна посета на Северна Македонија по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со ЕУ, вчера се сретна и со претседателот Стево Пендаровски.

На средбата со Пендаровски тој ги изрази очекувањата од официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

А, денеска на заедничката прес-конференција со Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека не е дојден овде за да подложува некого на тортура.

„САД не избира влади за земјите на НАТО. Но, поставуваме очекувања и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака која ја ширам во регионот. Дека САД ги гледа како природни партнери, оние кои се посветени на ЕУ интеграциите, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа да биде јасна порака. Но, исто така сакам да слушнам и да има отворена размена на гледишта. Се надевам дека ќе имаме повеќе по состанокот да ѝ кажеме на јавноста“, беше дециден  Ескобар.

Ковачевски-Ескобар: Македонија треба да стане членка, бидејќи ЕУ е наша единствена алтернатива