Галерија „Мерцедес“ од 600.000 евра, една од главните маски на Вевчанскиот карневал

„Мерцедес“ од 600.000 евра, една од главните маски на Вевчанскиот карневал

Главна атракција на Вевчанскиот карневал денеска беше дефилето на маските.

Поворките со повеќе од илјада василичари од вевчанските маала се споија на плоштадот пред зградата на Општина Вевчани.

Политиката и годинава беше во центарот на вниманието. Маските кои продефилираа, меѓу кои „мерцедес“ од 600.000 евра, „Шарената револуција“, нова влада, кражба во вевчанската пошта, споредба на македонските политичари со светските диктатори и слично, до солзи ја засмејуваа публиката.

Вевчанскиот карневал завршува утре, со традиционалното палење на маските.