Економија Мерко во прва официјална посета на Албанија, ќе ги претстави можностите за...

Мерко во прва официјална посета на Албанија, ќе ги претстави можностите за инвестирање

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Рамиз Мерко, од денеска е во прва официјална посета на Албанија, каде што ќе престојува до 4 август.

Мерко ќе се сретне со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претставници на стопанските комори и со бизнисмени на кои ќе им го претстави моделот за привлекување странски инвестиции.

Во делегацијата што ја предводи Мерко се и заменик-директорот на технолошко-индустриски развојни зони, Асип Усеини, како и директорот на меѓународната канцеларија „ФМ Консалтинг“, Фатос Мустафа.

Пред потенцијалните инвеститори ќе бидат презентирани субвенциите за компаниите што инвестираат во технолошко-индустриските развојни зони и надвор од нив.