Свет Европа Меркел: Затворањето на границите ќе има големи последици за ЕУ

Меркел: Затворањето на границите ќе има големи последици за ЕУ

Затворање на границите за да се спречи бегалскиот бран кон Европа ќе има големи последици за Унијата, оцени денеска германската канцеларка Ангела Меркел и побара реализација на договорот за миграција меѓу Европската унија и Турција.

Германската канцеларка, на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече дека на неделниот самит на ЕУ нема да се разговара за нови квоти за распределување на бегалците во Европа.

Меркел истакна дека тема на дискусиите ќе биде дали договорот на ЕУ со Турција може да се справи со бегалскиот бран или ЕУ „ќе се предаде и ќе ја затвори грчко-македонско-бугарската граница со сите очекувани последици за Грција, ЕУ и за шенген-зоната“.