Свет Европа Меркел: Враќањето на Г8 е незамисливо поради Украина

Меркел: Враќањето на Г8 е незамисливо поради Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека враќањето на Г8, односно на Русија во групата најразвиени земји, во моментов е „незамисливо“ поради ситуацијата во Украина.

Русија е исклучена од форматот Г8 по припојувањето на Крим минатата година.

– Сè додека Русија не го почитува меѓународното право и не постапува во согласност со тие принципи, враќањето на форматот Г8 е незамислив – рече Меркел, чија земја во јуни ќе биде домаќин на самитот Г7.