Свет Европа Меркел реизбрана за лидер на Христијанско-демократската унија

Меркел реизбрана за лидер на Христијанско-демократската унија

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно е избрана за лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

На конгресот кој се одржал во Есен, Меркел добила 89,5 проценти од гласовите на делегатите, односно за неа гласале 845 од 949 присутни делегати.

Мандатот на Меркел ќе трае две години, а демохристијаните таа ќе ги предводи и на парламентарните избори во 2017 година.

Меркел минатиот месец најави дека ќе се кандидира за да добие четврти мандат на изборите во септември следната година, а отскочна штица за тоа е нејзиниот реизбор за претседател на ЦДУ.