Свет Европа Меркел: Примете ги бегалците или ќе расправаме за Шенген-зоната

Меркел: Примете ги бегалците или ќе расправаме за Шенген-зоната

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека ќе се расправа за Шенген-зоната доколку земјите на ЕУ не ги распоредат бегалците.

– Ако не успееме да се договориме околу рамноправното прифаќање на бегалците, тогаш шенгенското прашање ќе биде на дневен ред – истакна Меркел.

Прашањето за шенгенската зона го отвори Австрија со одлуката делумно да го затвори слободниот премин на границите и да воведе контрола, која е наменета за камиони за кои постојат сомневања дека превезуваат бегалци.

– Ќе ги проверуваме сите возила за кои имаме сомневања дека кријат бегалци. Но, со таа мерка не го кршиме Шенгенскиот договор – изјави министерката за внатрешни работи на Австралија, Јохана Микл-Лајтнер.

На автопатот во Унгарија кон границата со Австрија утрово е формирана колона од автомобили во должина од 30 километри, откако австриските власти на источната граница ја зајакнаа контролата на возила во кои би можеле да се најдат бегалци.