Свет Европа Меркел: Не се исполнети условите за визната либерализација на Турција

Меркел: Не се исполнети условите за визната либерализација на Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема изгледи дека Турција ќе ги исполни сите услови за укинување на визите во наредните недели.

– Се гледа дека некои работи нема да можат да се применат до 1 јули, конкретно укинувањето на визите, затоа што условите се уште не се исполнети – вели Меркел.

Таа во текот на разговорот со Ердоган изразила загриженост поради неодамнешната одлука на турскиот парламент на некои пратеници да им се одземе имунитетот.

– Ставив јасно до знаење дека е потребен независен правосуден систем, независни медиуми и силен парламент. Секако одлуката да се одземе имунитетот на секој четврт пратеник во турскиот парламент е нешто што предизвикува длабока загриженост. Тоа јасно му го кажав на турскиот претседател – рече Меркел.