Македонија Меркел и Пленковиќ со позитивни сигнали за преговорите, но фали Законот за...

Меркел и Пленковиќ со позитивни сигнали за преговорите, но фали Законот за ЈО

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека се надева дека ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија со Европска унија на Самитот на 5 и 6 мај во Загреб.

– Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Загреб е многу важна работа поради проблемите со почетокот на преговорите со Северна Македонија и Хрватска. Се надеваме дека на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се постигне напредок на тоа поле –  изјавила Меркел по средбата со Пленковиќ.

Пленковиќ истакнал дека Самитот на ЕУ ќе даде реална перспектива во односите на ЕУ со земјите во соседството.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи при посетата на државата апелираше партиите што побргу да ги приближат ставовите за Законот за Јавно обвинителство и порача дека треба да се даде приоритет на тој закон.

Ако партиите постигнат согласнот, според него, тоа ќе биде добар знак упатен до земјите-членки за подготвеноста на државата да го испорача тоа што се бара од неа.