Свет Европа Меркел: Германија, Франција и Шпанија со заедничка истрага за падот на „Џерманвингс“

Меркел: Германија, Франција и Шпанија со заедничка истрага за падот на „Џерманвингс“

Германија, Франција и Шпанија денеска постигнаа договор за соработка за утврдување на причините за уривањето на авионот на германската авиокомпанија „Џерманвингс“, соопшти германската канцеларка Ангела Меркел.

Авионот „eрбас А320“ со 144 патници и со шест членови на екипажот се урна на француските Алпи, на околу 100 километри од Ница.

Францускиот државен секретар за транспорт, Ален Видали, претходно соопшти дека нема преживеани во падот на авионот, кој се урна летајќи од Барселона за Дизелдорф.