Свет Меркел, фаворит за Нобелова награда за мир

Меркел, фаворит за Нобелова награда за мир

Германската канцеларка Ангела Меркел е еден од фаворитите за добитник на Нобелова награда за мир, чие име ќе биде соопштено следната недела, јавуваат германските медиуми.

Првите добитници на Нобелова награда за медицина, физика и за хемија ќе бидат соопштени на почетокот од следната недела, но традиционално секогаш се шпекулира за добитниците на наградите за книжевност и за мир, кои последни се соопштуваат.

Германскиот весник „Билд“ е уверен дека Нобеловата награда за мир ќе ја освои Меркел, а како причина за тоа го наведува нејзиното учество во постигнувањето мировен договор во Источна Украина, како и нејзиното залагање за бегалците.

Годинава, предложени се 276 лица за Нобелова награда за мир. Институтот „Алфред Нобел“ никогаш не ги открива имињата од списокот.