Македонија Меркел до Заев: Германија силно ќе го поддржи Договорот

Меркел до Заев: Германија силно ќе го поддржи Договорот

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, испратила честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за Договорот со Грција за разрешување на спорот за името и порачала дека Германија силно ќе го поддржи, информираше македонската влада.

„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи“, напишала Меркел до својот македонски колега, пренесува Владата.