Свет Европа Меркел: Да се зајакне мултилатерализмот и соработката со Русија против тероризмот

Меркел: Да се зајакне мултилатерализмот и соработката со Русија против тероризмот

Германската канцеларка Ангела Меркел ја истакна потребата од зајакнување на мултилатералните структури како што се Европската Унија, НАТО и Обединетите нации.

Меркел во обраќањето на Безбедносната конференција во Михнен, порача дека е важно да се соработува со Русија во борбата против тероризмот.

-Сите ќе бидеме посилни ако заедно делуваме – порача Меркел на собирот на кој присуствуваше и американскиот потпретседател Мајкл Пенс.

Германската канцеларка изрази цврсто убедување дека е вредно да се борат за заедничките мултилатерални структури, но нагласи дека тие потребно е тие структури да се подобрат.

Меркел се осврна и на односот со Русија, велејќи дека односот на Европа и Русија и понатаму е полн со предизвици, но дека е важно да се соработува со таа земја во борбата против тероризмот.

-Заедничката борба против исламскиот тероризам е област во која имаме исти интереси и можеме заедно да делуваме – рече германската канцеларка, која додаде дека исламот не е извор на тероризмот и ја нагласи потребата муслиманските држави да се вклучат во борбата против него.