Свет Балкан Меркел: Брисел треба да го продолжи дијалогот со Анкара

Меркел: Брисел треба да го продолжи дијалогот со Анкара

Европската Унија треба да го продолжи дијалогот со Турција, но притоа Брисел треба да се води од своите видувања за демократијата, оцени германската канцеларка Ангела Меркел, во интервју за телевизијата АРД.

Меркел, сепак, не сакаше да даде оценка за ситуацијата со демократијата во Турција, но рече дека постојано забележуваат проблеми на ова поле.

– Сметам дека беше правилно да го осудиме пучот, како што очекуваше од нас Турција – рече Меркел и додаде дека е неопходно двете страни да разговараат една со друга, а не една за друга, зашто во дипломатијата таков дијалог не донесува добри резултати.