Хроника Менаџер на охридски хотел осомничен за затајување пари

Менаџер на охридски хотел осомничен за затајување пари

Охридската полиција поднела кривична пријава против З.Ц. (34), вработен во хотелот „Престол“, кој се товари за кривично дело затајување, инфромираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Осомничениот, како одговорно лице и потписник на сметката на охридскиот хотел „Престол“, приходите од свадби и од други веселби не ги прикажувал туку парите ги присвојувал за себе. На тој начин, фирмата која стопанисува со хотелот ја ставил во долгови и противправно прибавил корист од околу еден милион денари.

Пријавениот З.Ц. остварениот промет го внесувал како позајмица од негово име на сметка на хотелот, не ги плаќал набавките, а приходите од свадбите и од другите организирани забави не ги пријавувал.