Економија Мелничко-пекарската индустрија има намалена потрошувачка поради состојбата со корона вирусот

Мелничко-пекарската индустрија има намалена потрошувачка поради состојбата со корона вирусот

Потпретседателот на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција рече дека очекуваат надлежните да направат сериозна анализа, да утврдат колкави се трошоците на бизнисот и соодветно да интервенираат, поради состојбата со корона вирусот.

„Штети има, но тие се уште не може да се согледаат зашто ситуацијата се менува секојдневно. Неблагодарно е сега да даваме некакви прогнози, особено зашто се надеваме на минорни ефекти,“ рече Ѓорѓиевски.

Поради состојбата со корона вирусот, мелничко-пекарската индустрија се соочува со намалена потрошувачка, намален број нарачки и неможност за реализирање на договореното.

Компаниите кои се жалат и на негативни влијанија врз човечките ресурси, сепак уверуваат дека храна ќе има доволно.