Свет Свет Мексиканските власти уапсија еден од најголемите нарко-дилери

Мексиканските власти уапсија еден од најголемите нарко-дилери

Мексиканските власти го уапсија еден од најпознатите нарко-дилери, Хоакин Гузман Лореа, попознат како Ел Чапо.

Оваа информација ја објави претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието, на својот профил на „Твитер“.

Ел Чапо вторпат побегнал од затвор во јули минатата година. По неговото бегство, мексиканските власти откриле тунел со должина од повеќе од 1,5 километар, кој го искористил за да побегне од затворот со големо обезбедување.