Свет Европа Меккејн: САД се виновни што Украина користи касетни бомби

Меккејн: САД се виновни што Украина користи касетни бомби

САД се виновни што Украина користи касетни бомби, оцени претседавачот на американскиот сенатски одбор за вооружени сили, Џон Меккејн, додавајќи дека причина за тоа е што украинската армија „не е снабдена со различни видови вооружување“.

Според Меккејн, доколку Украина поседува соодветно оружје, нема да користи касетни бомби.

Меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“ потврди дека во ноември минатата година украинските сили користеле касетни бомби во населените места во Донецк и во Луганск.