Спорт Мекејлеб потпиша со Баерн Минхен

Мекејлеб потпиша со Баерн Минхен

Плејмејкерот потпиша едномесечен договор со Баерн Минхен

Лестер Бо Мекејлеб, македонскиот кошаркарски репрезентативец, денеска официјално потпиша договор со Баерн од Минхен. Тренерот на Баерн, Светислав Пешиќ, вели дека Бо најверојатно ќе дебитира во наредното коло од Бундес-лигата, а не утре на натпреварот со Барселона, кој е дуел од Евролигата. Плејмејкерот потпиша едномесечен договор, со можност за продолжување до крајот на сезоната. Минатата сезона Мекејлеб играше за Фенербахче, каде во просек бележеше по 11,9 поени, 3,2 скокови и по 2,5 асистенции на натпревар.
– Ја прифатив оваа понуда затоа што сметам дека Баерн е вистинскиот избор за мене. Подготвен сум да заиграм и се надевам дека ќе му помогнам на клубот – изјави Мекејлеб.