Спорт Мејсон во Тотенхем до 2020 година

Мејсон во Тотенхем до 2020 година

Англискиот фудбалер Рајан Мејсон го продолжи договорот со Тотенхем до 2020 година, соопшти лондонскиот клуб. Мејсон е средишен играч и има 23 години.

Младиот фудбалер ја мина младинската школа на Тотенхем, но во текот на кариерата беше позајмен играч во Јеовила, Донкастер, Милвол, Лоријен и во Свиндон.

Сезонава одигра 18 натпревари и постигна еден гол за првиот тим на Спурс.