Свет Свет Меѓународниот Црвен крст бара да се поштедат цивилите во Мосул

Меѓународниот Црвен крст бара да се поштедат цивилите во Мосул

Меѓународниот Црвен крст денеска ги повика сите страни во борбата за ирачкиот град Мосул да ги поштедат цивилите и да дозволат ранетите да бидат евакуирани.

Регионалниот директор на меѓународниот Црвен крст за Блискиот Исток, Роберт Мардини, на прес-конференција во Женева соопшти дека организацијата ги зајакнала медицинските центри, вклучувајќи и лечење на евентуални жртви на хемиско оружје.

Хуманитарната агенција се надева дека ќе може да следи како се постапува со луѓето кои ирачката војска ќе ги задржи или испитува откако ќе го напуштат северниот град, кој е под контрола на Исламска држава.