Свет Меѓународната коалиција изврши 24 напади врз ИД

Меѓународната коалиција изврши 24 напади врз ИД

САД и нивните сојузници извршиле 24 напади на Исламска држава во Ирак и во Сирија, соопшти денеска коалицијата која ја спровела операцијата.

Во Сирија вчера се изведени 13 напади во близина на четири града. Погодени се погони за производство на бензин, гас и на нафта, кои биле под контрола на исламистите, се наведува во соопштението.

Во Ирак се извршени 11 напади во околина на пет града, а погодени се и тактичките единици на Исламска држава, неколку борбени позиции на оваа милитантна група, складишта за оружје, згради и возила.