Економија Меѓународна конференција за работни спорови се одржува во Охрид

Меѓународна конференција за работни спорови се одржува во Охрид

Меѓународна конференција за мирно решавање на работни спорови се одржува во Охрид.

Работните спорови можат да произлезат од колективните договори или индивидуални спорови поврзани со отпуштање од работа или неисплата на плата. Нивното решавање е регулирано со посебен закон, кој стапи на сила од почетокот на 2015 година.

Основната цел на законот е да им овозможи на работниците и на работодавците да најдат заемно прифатливо решение преку соодветна доброволна вонсудска постапка, со помош на лиценцирани помирувачи или арбитри.

Во согласност со законот, целокупните трошоци за спроведување на ваквите постапки ги покрива Министерството за труд и социјална политика. Министерството ги прима барањата и управува со процесот, користејќи електронски систем за управување со случаите, кој вклучува и регистар на лиценцирани помирувачи и арбитри.

На конференцијата учествуваа експерти и претставници на релевантни институции од земјава, регионот и од Европската Унија. Учесниците дискутираа за функционирањето на механизмите за мирно решавање на работни спорови во Унгарија, Ирска, Романија, Бугарија, Црна Гора и во други земји.