Култура Меѓународен фестивал на фотографија во Куманово

Меѓународен фестивал на фотографија во Куманово

Почесни гости на фестивалот се Неда Речки, Озрен Божановиќ, Драгослав Мирковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Марија Јовановски и Сашо Илов

Со изложба на минијатури од фотографии наградени на меѓународни изложби, денеска во Куманово ќе биде отворен првиот фестивал на фотографија „Малински фото-фестивал“.

Фестивалот е во организација на Фото-клубот од Куманово, а љубителите на фотографска уметност ќе имаат можност да ги проследат и изложбите „Круг“, „Тумба“ и изложбата на фотографии на „Шангај арт клубот“, кој е еден од најактивните клубови во Азија.

Како почесни гости, на фестивалот ќе присуствуваат меѓународни фотографи како Неда Речки, Озрен Божановиќ, Драгослав Мирковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Марија Јовановски и Сашо Илов.

Во рамки на фестивалот во Галеријата на град Куманово ќе биде отворена и самостојната изложба на Мирослав Предојевиќ, претседател на уметничкиот совет при Фото-сојузот на Србија.