Култура Меѓународниот ден на џезот денеска се одбележува со настапи на македонски џезери

Меѓународниот ден на џезот денеска се одбележува со настапи на македонски џезери

Фото: Здружение на џез музичари

Во паркот „Ибни Пајко“ денеска се одржува манифестацијата Today It’s All About Jazz, во организација на Здружението на џез музичари. Целодневниот хепенинг е дел од глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот, кој во земјава се организира по шести пат.

„На платото зад Филхаромијата ќе настапат најдокажаните македонски џез музичари кои уште еднаш ќе придонесат Today It’s All About Jazz vol. 6 да биде џез настан за кој ќе се зборува во текот на целата година. Музиката има моќ да не обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот, славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување“, велат од здружението.

Во 14 часот ќе настапи Џоле Грујовски, во 15 часот Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски, а по нив, до 21 часот ќе следуваат Агни Авшар & Јордан Костов, SS Project, Off Ground Ensemble, Сашо Поповски, CuckooRack aka Bopers и Тони Китановски.