Свет Медведев: Операциите во Сирија не се товар за буџетот на Русија

Медведев: Операциите во Сирија не се товар за буџетот на Русија

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека операциите на воздушните сили во Сирија, кои почнаа на 30 септември, не се товар за буџетот на Русија.

Медведев истакна дека руското министерство за одбрана не потрошило повеќе пари од планираниот износ од буџетот. Тој посочи дека руската војска не побарала од владата дополнителни средства за кампањата во Сирија.

Руската економија минува низ тежок период поради економските санкции што Западот ги воведе кон земјата, како и поради ниската цена на нафтата на светскиот пазар.