Свет Свет Медлин Мекен која исчезна пред осум години, видена во Парагвај?

Медлин Мекен која исчезна пред осум години, видена во Парагвај?

Тригодишната Медлин Мекен од Велика Британија која исчезна во 2007 година од хотел во местото Праја де Лус во Португалија, каде летувала со семејството, е во Парагвај, тврди таблоидот „Сан“ (The Sun).

Поради овие претпоставки, алармирани се четири полициски станици, Интерпол и агенциите задолжени за пронаоѓање киднапирани деца.

– Мојот тим доби информација дека Медлин веќе два месеци се наоѓа во Арегуа, град во Парагвај – вели Мираз Улах Али, кој работи на овој случај.

Засега овие информации се објавени само во таблоидите, но изминативе денови и други медиуми шпекулираа дека постојат нови информации за исчезнувањето на девојчето.