Македонија Медиумите тема на преговорите на работните групи од 2 септември

Медиумите тема на преговорите на работните групи од 2 септември

Реформите во медиумите од 2 септември ќе се најдат на преговарачка маса на работните групи составени од претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, пишува „Вест“, повикувајќи се на неофицијални информации од свои извори.

Според информациите на „Вест“, во преговорите за реформи во медиумскиот простор ќе бидат вклучени и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), невладини организации, синдикални здруженија и новинари.

Разговорите ќе се водат со помош на белгискиот експерт, Питер ван Хојте, кој сега посредува во преговорите меѓу политичките партии околку измените во Изборниот закон.

Како што пишува „Вест“, главна точка ќе бидат промените кои треба да се направат во Македонската радио-телевизија (МРТВ) и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги. Од препораките во извештаите на Европската комисија досега е воведен само мораториум на владините реклами во медиумите.